Умерено до значително облачно, некаде со сончеви периоди, a на места со слаб дожд, особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура секаде ќе биде над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 16 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Од утре следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури за овој период од годината и со појава на магла по котлините во утринските часови.