Брнабиќ и Дачиќ од 23 до 26 јули во посета на САД – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/18 8:12 AM

Брнабиќ и Дачиќ од 23 до 26 јули во посета на САД

Српската премиерка, Ана Брнабиќ ќе престојува во посета на САД од 23-26 јули. Ова ќе биде нејзина прва посета на таа земја како претседателка на српската Влада. Таа во Њујорк и Вашингтон ќе има повеќе средби со високи функционери на САД, како и со претсавници на меѓународни институции и компании кои имаат седиште во таа земја, соопштија од нејзиниот кабинет.

Брнабиќ ќе има средби и со преставници на научната и на стопанската заедница.

Премиерката на Србија ќе биде домаќин на свеченоста во Конгресот на САД во Вашингтон, која ќе се одржи по повод одбележувањето на јубилејот на стогодишницата од подигањето на српското знаме пред Белата куќа. Заедно со премиерката Брнабиќ, на свеченоста ќе присуствува и првиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ –  информираа од кабинетот на Брнабиќ.

За време на посетата на САД, Брнабиќ ќе се состане со американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин и со претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким.

Таа ќе има состаноци и со конгресмените Тед Поем и Емануел Кливер, копретседатели на српскиот Кокус. Брнабиќ, исто така, ќе има разговари и со сенаторот Џејмс Риш, како и со сенаторот Рон Џонсон, претседателот на Поткомитетот за Европа во Сенатот на САД и сенаторот Том Котон, член на Воениот комитет на Сенатот.

Во рамките на посетата на САД премиерката Ана Брнабиќ ќе има излагање во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, додека во Њујорк таа ќе се состане со членовите на Ist-West Институтот.