Синот на легендата на Арсенал и Премиер Лигата, Денис Бергкамп, потпиша шестмесечен договор со У23 тимот на Вотфорд. Мичел Бергкамп ќе се обиде преку резервниот тим на ланскиот прволигаш да се интегрира во поширокиот состав на „пчелите“, а можеби славното презиме на некогашниот фудбалер на Ајакс и Арсенал дава надежи за неговиот играчки потенцијал.
Истовремено, синот на сега веќе тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, стави потпис со Вотфорд. Аргентинското крило кое го носи истото име како и својот татко , во 2017-та се придружи на академијата на Тотенхем, во периодот кога аргентинскиот стратег го предводеше лондонскиот клуб.
-Јас го носам моето име и сакам самиот да оставам некаков печат и наследство, изјави Мичел Бергкамп по потписот со црно-жолтите.
Префинетиот холандски напаѓач постигна 87 голови во 315 настапи за Арсенал во десетте години поминати со „топџиите“.
Фото:
goal.com