Османи и Дураку во посета на општина Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/18 6:35 AM

Османи и Дураку во посета на општина Дебар

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку денеска ќе ја посетат општина Дебар каде ќе се сретнат со градоначалникот Ружди Љата.

На средбата со Љата ќе се разговара за проектите кои се реализираат во општина Дебар, како и за идните активности кои се планираат во оваа општина – соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Владините претставници и градоначалникот ќе извршат и увид во новоизградените инфраструктурни проекти во Дебар.