Уште една актерка сподели јавно дека е злоставувана: Името на мојот злоставувач е Брајан Ворнер – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/21 4:38 PM

Уште една актерка сподели јавно дека е злоставувана: Името на мојот злоставувач е Брајан Ворнер

Познатата актерка Еван Рејчел Вуд го обвини своето поранешно момче, познатиот музичар Мерлин Менсон, за злоупотреба, манипулација и перење мозок. Таа ја сподели објавата со многу потресна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Rachel Wood (@evanrachelwood)

„Името на мојот злоставувач е Брајан Ворнер, кој е познат низ целиот свет како Мерлин Менсон. Почна да ме „негува“ кога бев тинејџер и ме злоупотребуваше најужасно можно со текот на годините. Мојот мозок беше измиен и изманипулиран за целосна послушност. Завршив со живот полн со уцени, страв, клевети и одмазда. Сега сум тука за да откријам опасен човек и да го спречам да уништи повеќе животи, но и да предизвикам многу индустрии што му го овозможија тоа. Јас ги поддржувам жртвите кои повеќе нема да молчат“, наведува актерката Рејчел Вуд во објавата.

Еван Рејчел Вуд е родена 1987 година, а со Месон беше во врска од 2007 до 2010 година, а потоа тие дури беа верени. По крајот на врската со Менсон, таа зборуваше дека претрпела злоупотреба во врската, но никогаш не го именувала насилникот. Овој пат таа реши да објави и да каже сè.

Нејзината приказна на Инстаграм исто така содржи приказни за други девојки кои Менсон ги злоупотребил на некој начин, а тоа секогаш значело некакво понижување и навреда.

Сепак, ова не е прв пат да се случи – Мерлин Менсон беше оженет со Дита фон Тис, позната играчка во бурлеска. Тие се разведоа многу брзо, а таа изјави дека е длабоко несреќна во тој брак и психички исцрпена.

Менсон беше обвинет и за две момчиња кои извршија масакр во училиштето Колумбин слушајќи го неговиот албум пред крвавата забава во 1999 година.

Преземено од: https://www.kurir.rs/