(видео) Адвокат имал секс на сослушување во живо – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/21 11:41 AM

(видео) Адвокат имал секс на сослушување во живо

Адвокат од  Перу неодамна се најде во секс скандал, откако водеше љубов со непозната жена за време на сослушувањето во живо, во кое тој учествуваше како застапник на обвинет.

Според „Њујорк пост“, видеото со сексуална активност на Хектор Кипријан Паредес Роблес стана вирално, додека локалното адвокатско друштво започна истрага за неговите шокантни дела.

Инцидентот се случи минатиот четврток, за време на сослушувањето за активностите на бандата Лос З де Канчамајо во регионот Јунин.

Како што може да се види на видеото што се споделува на Интернет, во одреден момент Роблес целосно се соблекува и бакнува со друга гола жена, пред очиглед на нивната засрамена публика.

Бесен, судијата го прекина судењето, обвинувајќи го Роблес за „незамисливо непочитување на судот“. Во изјавата издадена неколку часа подоцна, Адвокатската комора „Јунин“ „остро ги осуди вулгарните дела“ и повика на истрага за инцидентот.

Адвокатот Роблес – кој сè уште нема дадено никакви изјави за инцидентот – веднаш беше заменет во случајот, додека останува непознато дали тој беше свесен дека тоа што го прави се пренесува во живо.

 

видео:Твитер

извор:Прототема