Бугарскиот претседател Румен Радев упати критики до Владата во Софија дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Северна Македонија на западните партнери, јави дописникот на МИА од Софија.
Тој на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите четири години од мандатот, изјави дека ќе се кандидира за втор мандат, заедно со потпретседателката Илијана Јотова.
-Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас. Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и лобирањето. Да става на дневен ред на важни теми, да обединува околу значајни каузи, рече Радев.
Според него, реалноста налага да има институции со јасни приоритети и предвидливост во своето работење.