Во руралните подрачја во Македонија само 15 % од постојните бизниси ги водат жени – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/18 3:15 PM

Во руралните подрачја во Македонија само 15 % од постојните бизниси ги водат жени

Во руралните подрачја во Македонија само 15 % од постојните бизниси ги водат жени, покажуваат последните податоци на Центарот за управување со промени. Оттаму велат дека потребно е жените повеќе да се охрабрат и да отвораат свои бизниси.

Како главна причина за малиот број бизниси раководени од жени, од Центарот за управување со промени го наведуваат традиционалното воспитување во овој регион, каде постои мислење дека мажите треба да ги водат бизнисите. За разлика од руралните пак, во урбаните подрачја 30 % од бизнисите ги водат жени но и овој процент е мал, во споредба со земјите од регионот и Европската Унија.

Од Центарот за управување со промени, велат дека жените посебно од полошкиот регион треба да се охрабрат и да отвораат свои бизниси.

Денеска во Тетово беше презентиран проектот за развој на микро претпријатија на жени во прекугранична област кој ќе го спроведува Центарот за управување со промени. Тој предвидува подршка за зајакнување на вештините на жените, обезбедување дополнителна техничка подршка, маркетинг и поврзување на пазарот