„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја долг 13.700 километри – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/21 10:22 AM

„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја долг 13.700 километри

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја. Авионот лета од Хамбург до Фокландските Острови, а летот долг 13.700 километри и треба да трае 15 часа и 35 минути, соопштија од авиокомпанијата авиокомпанијата.

На летот до воената база Маунт Плезант се наоѓаат истражувачи од германскиот Институт „Алфред Вегенер“ и новиот екипаж на германскиот истражувачки мразокршач, „Поларстерн“. Кога ќе слета на Фокландите, екипажот ќе се префрли на мразокршачот, каде ќе помине два месеца на антарктичкото Веделово Море, истражувајќи климатските услови.

Во нормални услови екипажот на Антарктикот би патувал преку Аргентина или Јужноафриканската Република. Ама сега, поради пандемијата, редовните летови не се можни. Пред тргнувањето, екипажот на „Луфтханза“ и патниците поминале две недели во карантин.