Денеска и утре ќе преовладува променливо облачно време, на места со послаби врнежи од дожд. Утринските температури секаде ќе бидат над нулата, а максималната дневна, според прогнозата на УХМР, се очекува да достигне до 16 степени.
Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури, кои за викендот се очекува да достигнат и до +20 степени.