Во потрага по храна гладни и агресивни кучињата скитници во Тетово, понекогаш и напаѓаат – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 10:24 PM

Во потрага по храна гладни и агресивни кучињата скитници во Тетово, понекогаш и напаѓаат

Низ тетовските улици до минатата есен беше мирно , но зимава пак може да се забележат напади и звуци од гладни и агресивни кучиња скитници.

За само три месеци откако во Тетово престанаа да се третираа овие бездомни животни низ градот се регистрираа над 400 кучиња скитници. Голем дел од нив се агресивни во потрага по храна.

Од Општина Тетово велат дека ќе го решат проблемот. Одвоени се 2 милиони денари за згрижување, односно третирање на кучињаа скитнци

Од ветеренарната амбуланта која досега ги третираше кучињата скитници бараат регионален пристап за решавање на проблемот со кучињата скитници, односно во згруижување на овие бездомни животни да се вклучат и руралните општини од полошко.

СВР Тетово овој месец има евидентирано над 20 каснувања од кучиња скитници , но бројката е поголема затоа што не сите граѓани ги пријавуваат нападите и бараат лекарска помош.

Зоран Димовски