Сопругата на Навални ослободена од притвор – утре ќе мора се појави пред судот – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 9:49 PM

Сопругата на Навални ослободена од притвор – утре ќе мора се појави пред судот

Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија е ослободена од притвор. Таа  вети дека ќе се појави пред судот откако беше приведена денеска за време на протестите во Москва, изјави адвокатот на Навални, Светлана Давидова.

Навална е обвинета за кршење на законот за забрана за организирање неовластени протести, митинзи и маршеви.

Нејзината адвокаткаинформира дека Јулија Навални ќе се појави пред судијата утре во 10 часот по московско време и постои можност да биде осудена на 15 дена административен притвор, јави ТАСС.

Таа беше приведена и на претходните протести организирани на 23 јануари, по што беше ослободена.

фото-денешен.мк