(Видео) Водителката Драгана падна среде снимање на „Никогаш не е доцна“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 9:05 PM

(Видео) Водителката Драгана падна среде снимање на „Никогаш не е доцна“

Пред неколку дена водителката Драгана Катиќ доживеа несреќа додека го снимаше шоуто „Никогаш не е доцна“ и се доби повреди на телото.

Кога Драгана почна да се симнува од големата сцена, таа се сопна и падна, и го искриви зглобот, за подоцна да и се создаде хематон на коленото.


Тогаш Драгана покажа колку е професионална, бидејќи и покрај повредите, се врати на сцената во високи потпетици и продолжи со работната задача како ништо да не се случило.

– Луѓето не знаат дека не е секогаш лесно. Тие мислат дека сè е сјај и гламур и не знаат колку треба да поминат луѓето што работат на шоуто за да го добијат финалниот производ – изјави Драгана.

За среќа, таа се чувствува добро, иако повредите сè уште се видливи.

– Сè уште ме болат раката и ногата, но добро. Кога паднав, во рок од една секунда, еден млад снимател притрча кон мене, ме праша дали ме боли и веднаш отиде по мраз. Ми ја масираше ногата и направи да се чувствувам подобро. Прекрасно воспитано и добро дете – рече Катиќ.

Извор: informer.rs