Сакал да оди во затвор за да избега од сопругата, добил домашен притвор – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 8:43 PM

Сакал да оди во затвор за да избега од сопругата, добил домашен притвор

Маж од Канзас ограбил банка пред пет години со цел за  да избега од својата сопруга. Случајот останал запаметен бидејќи завршил иронично. Бил осуден на шестмесечен домашен притвор.

Лоренс Џон Рипли од Канзас имал 70 години во 2016 година. Еден ден, тој решил да ограби банка која се наоѓала  во близина на полициската станица во Канзас Сити.

Имал пиштол не се заканил туку ги  замолил вработените да му ги предадат парите.

Пред тоа, тој и остави порака на својата сопруга дека повеќе сака да биде во затвор отколку дома, објавиле медиумите.

Откако од банката му предала околу 3.000 американски долари во готовина, Рипли останал во фоајето и чекал да дојде полицијата.

Тој имал неколку бајпаси и страдал од депресија, истакнаа неговите адвокати.

Пред грабежот тој живеел нормален живот со сопругата и четирите деца. Неговиот бранител го нарече грабежот „повик за помош“.

На судењето, Рипли рече дека побарал медицинска помош поради ментална болест и дека повторно се чувствува добро, „како старец“.

Дури и претставниците на банката што ја ограбил поддржале поблага казна за Рипли.

Невообичаено е ретко кога некој што ограбил банка да не биде осуден на затворска казна, а според локалното законодавство, му се заканувал затвор од 37 месеци.

Покрај домашниот притвор, Рипли беше осуден на 50 часа општокорисна работа и му беше наредено да и плати на банката 227 американски долари, како надомест за тоа што работниците ги пуштиле дома порано на денот на грабежот

Тој исто така мораше да донира 100 американски долари во фондот за жртви на криминал.

rts.rs