Во новата „Јавна соба“ споделуваат и Срби – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 7:47 PM

Во новата „Јавна соба“ споделуваат и Срби

МВР веќе контактирало со српските колеги а првичните официјални информации се дека во оваа група најмногу се споделуваат фотографии и видео клипови од жртви од Србија.

Ништо не допира до членовите на „Јавна соба“, кои се префрлија во друга група па и понатаму се споделуваат фотографии и клипови, а тука сега членуваат и државјани од Србија, информира Телма.

МВР веќе контактирало со српските колеги, а првичните официјални информации се дека во оваа група најмногу се споделуваат фотографии и видео клипови од жртви од Србија.

Од „Телеграм“ кој одбива да соработува во делот на документирање и идентификување на членовите е побарано да ја затвори и оваа група.

Засега нема нови приведени во врска со овој скандал.

Од МВР велат дека имаат идентификувано уште членови на групата за кои се собираат докази пред да бидат приведени.

Во среда во Скопје ќе се одржи граѓански протест за поддршка на жртвите во оваа група а организаторите најавија дека ќе бараат од јавното Обвинителство и МВР брзо и темелно да го реши овој случај, да ги идентификува администраторите и членовите кои постирале слики и видео записи и најстрого да ги казни.

telma.mk