Еден маж е во критична состојба откако се запалил во центарот на Москва. Инцидентот се случил во Тверската улици и тоа во текот на денешниот протест во тој град па на улиците присутна е и полицијата во зголемен број.
A man is reportedly in serious condition after dousing himself in petrol and setting himself alight in #Moscow https://t.co/3Wfqrt4y0c pic.twitter.com/XsJeYFwAiH
— RT (@RT_com) January 31, 2021
Полицијата пристигнала веднаш, а мажот без свест е примен во болница.
Како што пренесува „Раша Тудеј“, некои канали на мрежата Телеграф известиле дека човекот имал проблеми со делба на имот и долгови и дека инцидентот не е поврзан со протестите во знак на поддршка на Алексеј Навални.
Други извори тврдат дека човекот страдал од ментални проблеми.