Над 103 милиони откриени случаи на ковид 19 во Светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 5:17 PM

Над 103 милиони откриени случаи на ковид 19 во Светот

Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 103 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 103.138.668 лица.

Како последица на вирусот во светот починаа 2.229.505 лица.

Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 26.655.740 лица, додека од Ковид-19 починаа 450.381 лице.

Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (10.747.091), Бразил (9.176.975), Русија (3.832.080), Велика Британија (3.796.088), Франција (3.177.879), Шпанија (2.830.478), Италија (2.541.783), Турција (2.470.901), Германија (2.217.234), Колумбија (2.086.806), Аргентина (1.922.264), Мексико (1.857.230), Полска (1.508.674), Јужноафриканската Република (1.449.236), Иран (1.411.731), Украина (1.216.278), Перу (1.133.022) и Индонезија (1.066.313).

Од друга страна, што се однесува до бројот на починати, по САД следуваат Бразил (223.971), Мексико (158.074), Индија (154.312), Велика Британија (105.571), Италија (88.279), Франција (75.862), Русија (72.697), Шпанија (58.319), Иран (57.889), Германија (57.512), Колумбија (52.650), Аргентина (47.931), Јужноафриканската Република (43.951), Перу (40.857), Полска (37.082), Индонезија (29.728), Турција (25.865), Украина (22.628) и Белгија (21.066).

Во светот регистрирани се 74.769.767 оздравени лица од вирусот, додека 26.135.418 лица се во процес на лекување.

анадолија