Хрватска го одложува пописот – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 4:05 PM

Хрватска го одложува пописот

Пописот во Хрватска нема да започне на 1 април како што беше планирано, потврди координаторот за попис во Централното биро за статистика, Дамир Плесац.

Тој за Н1 изјави дека  главната причина е коронавирусот.

Плесац објасни дека Институтот сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот затоа што тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот, кои мора да го сменат Законот за попис.

Хрватските медиуми проценуваат дека пописот ќе се одржи по локалните избори во мај, што не е неважно за политичката битка во некои области, како што е Вуковар, каде локалниот градоначалник, кој излезе од ХДЗ, Иван Пенава кој токму на оваа тема  ја гради предизборна кампања.

vjesti.ba