Живко Мукаетов останува на чело на Ракометната федерација уште еден мандат – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 2:09 PM

Живко Мукаетов останува на чело на Ракометната федерација уште еден мандат

Бизнисменот Живко Мукаетов  доби уште еден мандат и во наредните четири години ќе биде претседател на Ракометната федерација на Македонија.

Генералниот директор на „Алкалоид“ дојде на чело на македонскиот ракомет во 2013 година, на местото на Михајло Михајловски и на денешното изборно собрание со акламација од присутните делегати му беше доверен трет мандат. Тој беше и единствениот кандидат за претседател, откако сите домашни ракометни клубови во изминатиот период му изразија поддршка.

Откако Мукаетов е претседател на РФМ, машката ракометна репрезентација нема пропуштено ниедно големо натпреварување, настапувајќи на пет светски и четири европски првенства.
– Сакам да се заблагодарам за укажаната доверба и се надевам дека ќе продолжиме по истиот пат за уште подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет, изјави Мукаетов по реизборот на
претседателското место во РФМ.
На денешното редовно на Изборно собрание на РФМ присуствуваа и  капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров и поранешниот репрезентативец Ацо Јоноски.