Тешко повредени двајца пешаци во Скопје откако во нив удрил автомобил – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 12:30 PM

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје откако во нив удрил автомобил

На крстосницата од булеварот „АСНОМ“ со улицата „Васко Карангелески“ вчера патничкото возило „опел вектра“ управувано од Г.Г.(41) од Скопје, удрило во пешаците В.Г.(78) и О.Ш.(74), при што се здобиле со тешки телесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во незгодата В.Г. и О.Ш. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.