Mузичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во ковид кризата и тие треба да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска подршка проектиран од Владата. Ова е заклучокот од состанокот на 6те здруженија на музичари во земјата, кои, викендов во Охрид, потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред држвните органи, за што е формирано шестчлено Координативно тело кое го предводат Горјан Стојаноски и Трајко Симоноски.
„Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел наши членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети, така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата, музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5тиот пакет за финансиска помош. – се вели во заеничкото соопштение на Охридски музички еснаф, Здруженито на естрадни уметници, Музика сега, Естрада, Сојузот на професионални музичари и Здружението на естрадни музичари 202.
На состанокот се усвоени одлуки во правец на проширување на законските одредби околу музичко естрадното работење така што естрадните уметници ќе можат да се регистрираат не само како ДООЕЛ, трговец поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да си ги подмируваат обврските спрема државата како категорија на работници кои немаат редовни и планирани приходи, информира Венко Пашоски, Претседател на Охридскиот музички еснаф.
Донесена е и одлука да се изнајдат решенија здруженијата на музичари легално да ги остваруваат своите права, а во соработка со Министартсвото за култура и други надлежни државни институции да се изнајдат механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти.
фото-макпресс.мк