Франција ги затвори границите за патниците кои не се членки на ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 12:12 PM

Франција ги затвори границите за патниците кои не се членки на ЕУ

 Нови епидемиски ограничувања воведе Феанција на границата и повторно избегна воведување заклучување на целата територија.

Забрането е секое несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ, додека за граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува Би-Би-Си.

Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави затворање на големите трговски центри и построго спроведување на полицискиот час 

 Некои лекари сепак  сметаат дека ова нема да биде доволно за да се запре ширењето на вирусот во земјата.