Санкционирани 257 возачи во Скопје, 34 за возење без возачка дозвола – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 11:45 AM

Санкционирани 257 возачи во Скопје, 34 за возење без возачка дозвола

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 257 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив, 34 се за возење без возачка дозвола, а 23 за непочитување на брзината на движење.

Како што соопшти МВР, вкупно 20 санкции се за управување под дејство на алкохол. Осум мерки се изречени за нерегистрирани и технички неисправни возила, и осум за поминување на затворен семафор, црвено светло.

Изречени се 18 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас, 57 за непрописно паркирање и 4 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.