Делови од Центар, Сопиште и Сарај утре без струја – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/21 10:28 AM

Делови од Центар, Сопиште и Сарај утре без струја

Без електрична енергија утре од 9:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците лоцирани на улиците „Јоаким Крчовски“, „383“ и „Самоилова“ во Општина Центар.

Во период од 9:00 до 14:00 часот без струја утре ќе бидат дел од корисниците од село Долно Соње, десно од мостот кон крстот. Во истиот период без струја ќе бидат и дел од корисниците на село Глумово, кај џамијата.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

фото-порта3