Во источниот дел на Куба, во градот Олгин падна воен хеликоптер. Во несреќата животот го загубија 5 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), Кубанските револуционерни вооружени сили информирале дека паднал воен хеликоптер, што од градот Олгин летал кон Гвантанамо.
При падот на хеликоптерот, што им припаѓа на Кубанските вооружени сили, нема преживеани меѓу 5-те лица што се наоѓале во леталото.
Вооружените сили соопштија дека е започната истрага во врска со настанот.
Во авионската несреќа што се случи на Куба во 2018 година, животот го загубија 112 лица.