(ВИДЕО) На Покетино ќе му треба мрежичка, Ди Марија ќе зажали за овој потег – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 9:32 PM

(ВИДЕО) На Покетино ќе му треба мрежичка, Ди Марија ќе зажали за овој потег

Назначувањето на Маурисио Покетино на местото на главен тренер во ПСЖ, малку како да ги мрдна работите од мртва точка и со сигурност ја подобри атмосферата во францускиот тим.

Покетино по повеќе од една година пауза пронајде работа во неговиот некогашен тим, но менаџирањето и „дружбата“ со големите и квалитетни ѕвезди, освен слатките маки при селекцијата на првите 11-мина, носи со себе и други „последици“.

Имено, на последниот тренинг на парижаните во пресрет на 23-тото коло во Ligue 1, играчите на ПСЖ поприлично се забавуваа, а забавата достигна кулминација во моментот кога Анхел Ди Марија ја „протна“ топката помеѓу нозете на својот тренер Покетино.

Таквиот потег, па може да се каже…беше соодветно прославен. Дали јавното посрамотување пред камерите ќе го чини Ди Марија изоставување од првиот тим, останува да видиме.