(ВИДЕО) Дончиќ: Ужасно, изгледа како да не ни е грижа воопшто за резултатите – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 5:34 PM

(ВИДЕО) Дончиќ: Ужасно, изгледа како да не ни е грижа воопшто за резултатите

Руди Гобер со 29 поени и 20 скокови беше пресилен за екипата на Далас Маверикс и му обезбеди на својот тим победа од 116:104.

Маверикс ниту игра добро, ниту добро резултатски изгледа. Освен секогаш фантастичниот Лука Дончиќ кој вчера уфрли 30 поени, Далас изгледа неубедливо на теренот. Токму по завршувањето на дуелот со Јута Џез, младиот Словенец зборуваше за лошата форма и однесувањето на тимот и неговите соиграчи, велејќи дека Далас во овој момент е незаинтересиран за случувањата и дека тоа брзо мора да се промени.

 

 

-Ужасно. Не знам што друго би кажал. Никогаш се немам чувствувано вака, мора да направиме нешто. Затоа што ова не изгледа добро и мораме да веруваме во себе. Во моментов изгледа како да не ни е воопшто грижа дали ќе победиме или не. Мора да внесеме повеќе енергија, верувам дека тоа ќе биде случај, изјави Дончиќ.

Поразот на Маверикс од Џезерите претставуваше четврти последователен во НБА лигата.