ЈО сè уште ги утврдува причините за пожарот во Глобал од кој оштетени се 68 објекти – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 5:05 PM

ЈО сè уште ги утврдува причините за пожарот во Глобал од кој оштетени се 68 објекти

Во пожарот беа оштетени 44 деловни објекти (дуќани, магацини) и 24 тезги, а за висината на штетата по барање на обвинителството ќе се произнесе вешто лице.  Во таа насока, доставени се барања за утврдување на претрпена штета по однос на вид и висина, а по претходно изготвен протокол од страна на вешто лице од економска струка, вака велат од ЈО кое ја води истрагата за големиот пожар во ГТЦ Глобал во Струмица.

Како што појаснуваат од таму, од обвинителството досега биле сослушани 15-ина лица кои можеле да дадат податоци за критичната ноќ. Се вештачаат и ресиверите од видео надозорот на дел од објектите во Глобал но  и сета градежно техничка документација за објектот земена од општина Струмица

 –Обвинителството ја одзеде целокупната гадежно техничка документација од општината во врска со ТЦ Глобал, по што се дадени наредби за вештачења кои се очекуваат да пристигнат. Пристигнати се податоци и документација која беше побарано од ЈПКД Комуналец Струмица, претпријатието кое стопанува со  тезгите – пазарот во внатрешниот дел на ТЦ Глобал, велат од ЈО.

 Инаку од струмички Комуналец најавија дека неопожарениот дел од Глобал наскоро ќе биде ставен во функција

 –За десетина дена трговските субјекти во неопожарениот дел на Глобал ќе почнат со работа. Завршуваат работите околу пазарот, холовите и чистењето на дуќаните. Овој дел и физички се одвои од оној што гореше, со помош на зид од гипс картон, соопштија од Комуналец

 

 

 

 

Ване Трајков