Делегација од Уставниот суд на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 4:13 PM

Делегација од Уставниот суд на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Делегација предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати денеска ќе биде примена од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Како што информираа од Уставниот суд,  делегацијата вчера во Турција оствари средба со претседателот на Врховниот суд на Република Турција, Мехмед Акарџа, на која беше нагласена значајноста на соработката и размената на искуства меѓу двете земји. На средбата присуствуваше и врховниот јавен обвинител на Република Турција, Беќир Шахин.

Како што соопштија од Уставниот суд, на средбата беше нагласена значајноста на соработката и размената на искуства меѓу овие две пријателски земји, особено во областа на правосудството, со надеж оваа пракса да продолжи и во иднина.

Делегацијата вчера оствари средба и со министерот за правда на Република Турција, Абдулхамид Ѓул на која беа разгледани прашањата за продлабочување на соработката во иднина меѓу двете земји, со цел поголеми придобивки во рамките на правосудниот систем.