Распишан тендерот за изградба на градинка во штипската населба „Сењак“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/18 9:52 AM

Распишан тендерот за изградба на градинка во штипската населба „Сењак“

Центарот за развој на Источниот плански регион (ИПР) го распиша тендерот за изградба на детска градинка во штипската населба „Сењак“. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека тендерската постапка за овој капитален проект кој 45 отсто се финансира од Бирото за рамномерен регионален развој и 55 проценти од буџетот на Општина Штип треба да заврши до 10 август.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакнува дека ова е еден од капиталните проекти, кои треба да се реализира во текот на оваа година,

– Ова е капитален проект за општината, а со изградбата на градинката ќе се згрижат вкупно 200 деца од нашиот град. Шеснаесет милиони денари се обезбедени преку Прогрмата за рамномерен регионален развој, а околу 20 милиони денари се од буџетот на Општина Штип, вели Бочварски.

Со изградбата на нова детска градинка во најголемата штипската населба „Сењак“ ќе се реши и дел од проблемот со листата на чекање за прием на деца во штипските градинки. Двете детски градинки во Штип имаат долга листа на чекање, околу 500 деца од предшколска возраст се наоѓаат на оваа листа за прием во градинките.

 

 

Извор:МИА