МВР соопшти за случај на повреда при работа во Прилеп.
-На 29.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Прилеп од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен Е.К.(39) од Р.Турција, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за правно лице во прилепско.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител, трудов инспектор и увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти МВР.