Јавноста не знае што се случува во репрезентацијата – Талески по настапот во Египет – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 11:50 AM

Јавноста не знае што се случува во репрезентацијата – Талески по настапот во Египет

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески за националниот сервис МТВ, се сложи дека репрезентацијата имааше лош настап, треба одговорност, но дека јавноста не знае за случувањата внатре.

-Дојде време да да преземеме одговорност. Критиките секогаш се добредојдени, но некогаш се премногу лични. Свесни сме  дека ракометот е број еден спот во Македонија и се очекува многу од нас. Јавноста не е доволно запозната каква е ситуацијата, хемијата и сè друго во тимот. Една е сликата однадвор, а другата внатре.Мора да се поклопат „коцките“, да почнеме да ги решиме „бубачките“ во главата, да дојде денот да ја водиме селекцијата. Убеден сум дека Македонија одново ќе биде горда на ракометарите. Оваа репрезентација има голема иднина, ќе го докажеме тоа со нашите игри“, кажаТалески.