СЗО: Контролата на извозот на вакцини во ЕУ не смее да застане на патот кон глобалната победа на вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/21 9:41 AM

СЗО: Контролата на извозот на вакцини во ЕУ не смее да застане на патот кон глобалната победа на вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека новите потези на Европската унија за заострување на извозот на вакцините против коронавирусот не се од помош. Организацијата оценува дека таквите мерки не смеат да застанат на патот на победата на вирусот на глобално ниво – јави Анадолија. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус и останати претставници на Организацијата предупредија дека тоа би можело да доведе до попречување на дистрибуцијата на вакцините, што би резултирало со успорување на борбата против вирусот.

Европската унија претходно воведе механизам на контрола на извозот на вакцините против коронавирусот произведени во ЕУ. Според овој механизам, пред да се даде дозвола за извоз европските држави ќе мора да проверат со ЕК дали фармацевтската компанија потпишала договор за вакцините  со тој блок. Доколку компанијата се уште не ги доставила ветените дози на државите на ЕУ или најавила доцнење во дистрибуцијата, ЕК ќе мозе да го забрани извозот во земјите надвор од блокот.

Претставничката на СЗО, Мариангела Симао исто така мредупреди на можните ефекти од новиот механизам на дистрибуција на вакцините во светот.

„Во овој момент не е од помош која било земја да воведува контрола на извозот, или какви било бариери за неопходните работи како што се вакцините или другите достапни лекови“, истакна таа.

Од СЗО исто така изјавија дека таквите мерките не смеаат да застанат на патот на победа на вирусот сегде во светот.

„Она што највеќе не’ загрижува е што секогаш плаќаат најранливите земји, кога и да се воведуваат рестрикции или бариери“, додаде од Организацијата.

 

Извор: N1