Скандинавско финале на Светското првенство во ракомет – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 10:18 PM

Скандинавско финале на Светското првенство во ракомет


По Шведска, која попладнево ја совлада Франција, вечерва и втората скандинавска репрезентација што стигна до полуфиналето – Данска, успеа да победи, па ќе има скандинавско финале на Светското ракометно првенство во Египет.

Данска, во интересн меч, беше подобра од Шпанија со 35-33 (18-16). Финалето помеѓу Шведска и Данска се игра в недела, а пред финалниот меч силите за третото место ќе ги одмерат Франција и Шпанија.