Време: Променливо денес и во следните денови, стабилизација од среда – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 9:58 PM

Време: Променливо денес и во следните денови, стабилизација од среда

Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Максималната температура, според прогнозата на УХМР, утре треба да достигне до 14 степени.

Под влијание на нов влажен бран, о недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи претежно од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови ( локално над 20 л/м2 ). Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето.