Koронавирусот пристигна и во Баерн Минхен – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 7:08 PM

Koронавирусот пристигна и во Баерн Минхен

Германскиот шампион денес објави дека нивните фудбалери Леон Горецка и Хави Мартинез се позитивни на Ковид-19 по последните тестирања во пресрет на 19-тото коло во Бундеслигата.

Дуото од средината на теренот нема да може утре да му помогне на Ханси Флик против секогаш незгодниот Хофенхајм, а датумот за враќањето на германскиот и шпанскиот интернационалец засега не е познато. Покрај нив, Баерн нема да може да смета и на поранешниот фудбалер на Лион, Корентин Толисо.

Со 42 поени од 18 одиграни кола, Баварците се наоѓаат на првата позиција на табелата.

 

 

 

 

Фото:

bavarianfootballworks.com