Од АБА лигата вчера одекна „бомба“. Довчерашниот тренер и лице број еден на Мега Макс, Дејан Милојевиќ, го напушти клубот и се пресели во црногорски Будуќност.
Тренерот под чија палка во амбицизониот тим на Мега поминаа 11 кошаркари кои подоцна се остварија во НБА лигата, а најпознат секако е центарот на Нагетси, Никола Јокиќ, на сред сезона се одлучи на промена на средината во надеж дека ќе му помогне на својот некогашен тим.
Милојевиќ во играчките денови со Будуќност партиципираше во освојувањето на двојната круна во тогашната „Јуба Лига“ и Југословенскиот куп.
Еден од најпросперитетните тренери на Балканот, кој со сигурност во иднина ќе започне и НБА поглавје, на клупата на црногорскиот шампион го наследува Петар Мијовиќ. Лошите резултати и последниот пораз од Виртус претставуваа иницијална каписла за ваквиот чекор на раководството на Будуќност.
Фото:
in4s.net