Изгубено куче по шест години се врати кај сопственикот: „Ама си остарел, главоњо мој“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 6:07 PM

Изгубено куче по шест години се врати кај сопственикот: „Ама си остарел, главоњо мој“

Кучето Белука е повторно во својот топол дом и со своето семејство на кое многу му недостигаше. Волонтерите на здружение од Пожаревац, Србија, го прифатија болното куче од Бачка Паланка, но откако го прегледале чипот дознале дека неговиот сопственик од Пожаревац веќе шест години го бара.

Белука пред шест години ненадејно исчезнал, но неговиот сопственик никогаш не се откажал од него и не губел надеж дека некогаш ќе го наде. Штом волонтерите на Здружението го известиле дека Белука е пронајден, многу се израдувал и веднаш заминал по кучето. Следувала трогателна средба со солзи радосници.

„Ама си отарел, главоњо мој“, рекол газдата.

Белука сега има 12 години, пренесува „Телеграф.рс“.