Торнадо ја погоди Ајова, опустошени се неколку градови – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/18 8:31 AM

Торнадо ја погоди Ајова, опустошени се неколку градови

Најмалку 17 лица се повредени во торнадата што ја погодија сојузната американска држава Ајова. На социјалните мрежи се објавени застрашувачки видеа од торнадата кои ги опустошија градовите Маршалтаун, Пела и Бондурант. Во Маршалтаун се повредени 10, а во Пела 7 луѓе.

Најстрашно било во Маршалтаун, град со 27 000 жители, каде има откорнати покриви, а урната е и купола на зградата на судот. Оштетена е и локалната болница.

Метеоролозите соопштија дека торнадата се формирале одеднаш и дека ги изненадиле. „Утрото не изгледаше дека се можни огромни торнада. Во најлош случај очекувавме невреме со град“, рекол Алекс Крал од Државниот метеоролошки завод.

 

Преземено од:makfax