Поранешниот англиски репрезентативец и значаен фудбалер во нападот на Манчестер Јунајтед под палка на претходните тренери, Џеси Линград, како позајмен играч ќе се пресели кај овосезонското изненадување во Премиер Лигата, Вест Хем.
Лондонскиот тим немаше простор за ангажирање нов фудбалер на чиста позајмица, па затоа беше приморан да го откупи Саид Бенрахма од Брентфорд и да ја ослободи позицијата за брзоногото крило.
Дваесет и осумгодишниот Лингард попладнево ги помина медицинските прегледи и веќе викендов ќе може да дебитира за „чеканџиите“. Овој трансфер на некој начин претставува и соединување на Лингaрд и стратегот на Вест Хем, Дејвид Мојс, откако во 2013 година токму Мојс како предводник на Манчестер Јунајтед го интегрираше Лингард во поширокиот состав и го одведе со себе на летната подготвителна турнеја.
-Тој може да игра на сите позиции во навалната линија, дури и како играч од средината на теренот. Покрај Џеси, се обидовме да донесеме и еден шпиц кој ќе го пополни местото на Халер, но поради различни околности тоа не се случи, изјави Мојс.
Доколку Вест Хем на лето се одлучи да го откупи целосно договорот на Лингард, на Манчестер Јунајтед ќе мора да му исплати 30 милиони фунти.
Фото:
goal.com