Просечната камата кај кредитите во декември изнесува 4,63 отсто и забележува намалување од 0,05 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Според податоците намалување на просечната камата е забележано и кај депозитите од 0,01 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годиношно ниво. Во декември 2020 година просечната каматна стапка на депозитите изнесувала 0,95 отсто.
Новоодобрените кредити во декември имале просечна каматна стапка од 3,78 отсто, а новопримените депозити 0,68 отсто. Забележано е намалување кај кредитите за 0,20 на месечно ниво и 0,37 отсто на годишно ниво. Кај депозитите намалувањето е 0,14 на меечно и 0,46 отсто на годишно ниво.
Кредитите на корпоративниот сектор имале просечна камата од 3,73 отсто, која забележала намалување 0,04 отсто. Новоодобрените кредити имале просечна каматна стапка од 3,42 отсто и забележано намалуввање од 0,24 отсто.
Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во декември, бележи месечен раст од 0,03 отсто и изнесува 1,22 отсто.
Во декември, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,43 отсто на месечно ниво и изнесува 0,38 отсто.
Просечната каматна стапка на кредитите на домаќинствата во декември изесуала 5,46 отсто и има намалување од 0,03 отсто. Новоодобрените кредити во овој сектор имале просечна каматна стапка од 4,38 отсто и намалување од 0,13 отсто.
Каматата на депозитите на домаќинствата во декември изнесувала 0,92 отсто и била пониска на меечно ниво за 0,02 отсто, на годишно ниво 0,31 отсто.
Новопримените депозити имале каматна стапка од 0,85 отсто, која има раст на месечно ниво од 0,02,отсто, додека на годишно ниво е забележано намалување од 0,32 отсто.