Вработени од струмичкиот центар за култура реагираат до министерството за култура и бараат да се пониши одлуката за избор на директор бидејки спроед нив кандидатот немал допирни точки со културата и станува збор за професор по физичко. Од министерството соопштија дека само тој ги исполнувал правно формално условите од конкурсот . Во трката за директор беа и магистар по културен мнеаџмент и актерка со дводецениско работење
,,Еден од критериумите е кандидатите да имат минимум 5 години искуство во културни институции или да имат работено на преокти од областа на културата. Избраниот кандидат Бубев наставник по физичка култура по своето формално образование и сегашен деиректор градинките ,,Детска радост’’ не го исполнува овој критериум за разлика од останатите два. Бараме министерството за култура да ја повелече ова одлука за избор на кандидатот Васил Бубев за директор бидејки според своите професионални квалификации тој не е соодветен за нашата институција,, кажа актерот Ванчо Василев
Од министерството за култура информираа дека Бубев имал комплетна документација и доставил програма. Кандидатот за директор магистер по културен менаџмент на катедрата на Унеско во Белград Србија не доставила сертификат за познавање на англиски. Последниот кандиндат според министерството за културна немал доказ дека е познат општествено културен работник во јавноста ниту работа во културни проекти. З а култура изборот е завршен
,,Министерката за култура врз основа на предлогот на Комисијата, спроведеното интервју и доставената Програма одлучи и оцени дека третиот кандидат, Васил Бубев ги исполнува општите и посебните услови од Јавниот оглас да биде назначен за директор. Рок за жалба на одлуката нема, од причина што во Законот за култура постапката за избор е едностепена и завршува токму со Одлука за избор или неизбор“, информираа од Mинистерството.
В.Трајков