Селма Бориќ, жената која беше опеана во рок-баладата на легендарното „Бело копче“, почина на 92-годишна возраст.
Оваа тажна вест ја потврди нејзиниот долгогодишен пријател, пејачот на „Белото копче“, Жељко Бебек.
… putuj Selma … 🙏 pocivaj u miru Bozjem 🙏❤️
Posted by Zeljko Bebek on Friday, January 29, 2021
– Утрово нејзиното семејство ме извести со оглед на тоа што не ја посетував долго време поради корона. За жал, староста ја однесе, но таа заспа во мир и нека остане така во мир. Мојата Селма ја нема. Јас ќе продолжам да и пејам и да ја спомнувам пред публиката, бидејќи песната го носи нејзиното име, а песната опиша дел од нејзиниот живот, убав дел од нејзиниот живот. Така со задоволство ќе ја паметиме – рече Бебек за „Аваз“.
Веста за нејзината смрт ја објави на Фејсбук Жељко Бебек, кој објави фотографија со Селма од прославата на нејзиниот 90-ти роденден во август 2019 година.
Селма е родена во Зеница и до смртта живееше во Загреб.
Извор и фото: nova.rs