Конечно скијачкиот центар Попова Шапка доби нова модерна жичница за првпат во нејзината историја. Денеска свечено беше пуштен шестоседот.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека оваа жичница која ќе има капацитет од 2400 скијачи на час е само еден дел од успешната приказна на Попова Шапка
Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка велат дека шестоседот е политички маркетинг со кој властите се фалат веќе една деценија. Оттаму сметаат дека има големи пропусти во ски центарот, а еден од поголемите е жичницата Тетово Попова Шапка кој не е во функција две децениии
Жичницата Тетово – Попова Шапка беше целосно оштетена во воениот конфликт во 2001 година, но оттогаш нема никаква иницијатива за поставуавње на нова.
Зоран Димовски