За ова издание на „Argus Trophies 2021“, доделувањето на наградите се одржа на дигитална ТВ-програма на 28 јануари 2021 година. Како домаќин на настанот беше новинарката Маргот Лафит. На списокот со наградите доминираа електрични возила, а PEUGEOT e-2008 се истакна со освојување на наградата Argus Trophy во категоријата електричен SUV.
Претходните години PEUGEOT многупати нижеше успеси на „Argus Trophies“.
– PEUGEOT 208 ја освои наградата „ Argus Car 2020“.
- PEUGEOT 508 кој ја освои наградатa „ Argus Car 2019“.
- Брендот, исто така, освои награди во многу други категории.
Во ерата на енергетската транзиција, триумфот на PEUGEOT e-2008 со наградата за електричен SUV за 2021 година претставува особена чест за брендот PEUGEOT.
PEUGEOT 2008 се истакнува во компактниот SUV сегмент и допринесува во успехот на гамата PEUGEOT денес: со посебно докажување во дизајнот и истакнување преку иновации и технологија.
Овој прв електричен PEUGEOT SUV го отвора патот кон новиот свет на сензации. 100% електричен, возачот ќе ужива во висок степен на функционалност во возило кое е потполно тивко и без вибрации.
Од неопходните елементи кои го обележуваат брендот PEUGEOT, посебен акцент е ставен на динамичното однесување на новиот SUV PEUGEOT e-2008, обезбедувајќи уникатно чувство и задоволство при возење, во споредба со бензинските и дизел верзиите.
Во Франција, продадени се повеќе од 66.000 PEUGEOT 2008 во 2020 година и скоро 10% од нив беа електрични верзии.
„Само што ја преземав функцијата Извршен Директор на брендот PEUGEOT, јас сум многу горда и почестена што ја примивe наградата „Argus Trophy“ за PEUGEOT e-2008. Добивањето на овој трофеј е јасен доказ за моќта на заведување на овој модел и ги наградува неговите извонредни перформанси. Тој исто така е совршено усогласен со нашата енергетска транзиција бидејќи 100% од нашата гама ќе се електрифицира во 2025 година“- Линда Џексон – Извршен Директор на брендот PEUGEOT.
Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите „Rating“ и „Argus“. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: нова набавна цена, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возење и дизајн).
PEUGEOT e-2008 го освои првото место на подиумот пред Audi e-tron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8.