Спасовски и Симовски разговараа за пописот – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/21 12:52 PM

Спасовски и Симовски разговараа за пописот

Прецизирањето на условите за користењето на базите на податоци во надлежност на Министерството за внатрешни работи за престојниот попис на населението била една од темите за кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговараше на денешната средба со со преставници на Државниот завод за статистика, предводени од директорот Апостол Симовски.

Од двете страни била истакната досегашна добра соработка меѓу двете институции во насока на споделување на базите на податоци во надлежност на МВР со Заводот за стастистика кое се врши редовно на квартално ниво.

„ Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува работата на Државниот завод за статистика и дека, како и досега, е комплетно подготвено да одговори на сите потреби, сега и со зголемен интензитет, со цел успешно спроведување на најавениот попис на населението“, информираат од МВР.