УЕФА даде зелено светло, натпреварите од првата елиминациска рунда во Лигата на Европа да може да се играат пред публика но со 30 проценти исполнетост на капацитет на стадионите.
Црвена Ѕвезда објави дека сопствениците на сезонски билети и членовите на клубот со уредно платена членарина ќе имаат предност при купувањето билети за дуелот против Милан. Имаше желба да има околу 17 000 луѓе на Маракана, но …
Но поради неповолната епидемиолошка состојба и новиот вид на коронавирусот, најверојатно натпреварот меѓу клубовите ќе се игра без публика. За ова денеска по седницата на Кризниот штаб зборуваше и министерот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
„Таква е ситуацијата, па не можеме да ги релаксираме епидемиолошките мерки и во моментов не сме во ситуација да попуштиме ниту на тоа. Не ја отворивме можноста за публика за натпреварот” , рече Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Првиот натпревар од нокаут фазата во Лигата на Европа, Црвена звезда ќе ја одигра против Милан на 18 февруари на стадионот „Рајко Митиќ“.
фото-wikipedija
.mozzartsport.com