Короната донесе многу лоши моменти на сите нас, но и една добра работа – солидарноста на луѓето да помогнат во тешки моменти. Едно такво хумано дело направија жителите на Чачак кои најдоа начин да му се заблагодарат за сè на лекарот кој почина од овој вирус .
Во хуманитарната акција во Чачак беа собрани пари за отплата на станбениот кредит на докторот Слободан Благојевиќ, кој почина пред еден месец од последиците од инфекција со коронавирус.
Семејството на лекарите објави дека за 20 дена, колку што траело акцијата, биле собрани 25.000 евра и дека помошта за нив е немерлива.
Благојевиќ-специјалист за итна медицина, починал на крајот на декември на 41-годишна возраст на клиника во Белград, по 15-дневно лекување од ковид-19. Тој бил началник на привремена болница во спортската сала Младост во Чакак, импровизирана за време на епидемијата.
Собирањето средства за отплата на неговиот станбен заем, во кое учествуваа и многу бизнисмени, било иницирано за да им се помогне на неговата сопруга, деветгодишниот син и тригодишната ќерка, пишува Бета.
.