Евроатлантскиот совет на Македонија соопшти дека вчера на Генералното собрание е избрано ново раководство, на кое за претседател едногласно е реизбран Исмет Рамадани. За генерален секретар е избран Илија Џугуманов, а бизнисменот Светозар Јаневски е избран за извршен директор на Бизнис- клубот.
На состанокот се избрани и членови на новото Претседателство на Евроатлантскиот совет на Македонија: Исмет Рамадани, Анѓелка Пеева-Лауренчиќ, Трифун Костовски, Илија Џугуманов, Љубе Дукоски, Ризван Сулејмани, Флорие Љатифи, Методи Хаџи Јанев, Тоше Коцевски, Виктор Андонов и Љубица Пендароска, и членови на Бизнис-клубот на Советот: Свето Јаневски – М6 Груп, Живко Мукаетов – Алкалоид, Ангелка Пеева-Лауренчиќ – Имиџ ПР, Ферик Велија – Алсат М, Арсим Папранику – Нептун, Лазим Дестани – Еколог, Митко Андреевски – Си Ен Џи Системс, Арбен Абурахмани – Вез Шари/Lecker и Васко Кроневски – Некстсенсе.
На Генералното собрание, кое поради КОВИД-19 се одржа онлајн, разгледани се извештаите за досегашната работа, статутарните промени и одлуки во насока на идното функционирање на организацијата до 2025 година.
– Овој состанок обедини над 55 членови и поддржувачи. Меѓу останатото, претставуваше одлична платформа за дискусија за актуелните глобални проблеми. Делегатите на ова Собрание донесоа одлуки за продлабочување на соработката со партнерите и развивање на стратегиите на организацијата до 2025 година, соопшти Евроатлантскиот совет на Македонија.