НВО Инфоцентарот денеска организира онлајн јавна дебата „Една година од Законот за инспекциски надзор – искуството на инспекциските служби во општините”.
На дебатата ќе учествуваат претставници на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, на Инспекторатот на Град Скопје, на сектори за инспекциски надзор од повеќе општини и на граѓански орагнизации.
Дискусијата ќе се однесува на тоа дали и како се спроведува новиот закон за инспекциски надзор на локално ниво, дали новата законска рамка ја подобри ефикасноста и компетентноста на инспекторите, како се одвива процесот на лиценцирање, кои законски решенија се покажаа добри и применливи, а кои покажаа слабости, дали се потребни законски измени и дополнувања.